Последните денови гледам многу камелеони во униформа како парадираат со оваа власт, а парадираа и со онаа опозициската власт. Секаде ги имаше во транзициското време со советниците и политиците од СДСМ колку ли слики имам гледано од умните глави како седат во Беверли Хилс или во Тренд или било каде низ државата и водат државна политика и се грижат за безбедноста или за економијата можеби на својот џеб , а гледам дека кога дошло ВМРО на власт само се приклучиле таму како експерти нормално.
Секогаш и секаде експерти во униформа, за лични интереси ке си го продадат и најдобриот пријател и ке си го продадат и Грујо. Тоа е одлика на предавници и сончогледи.
Но такава е кадрова политика да ги превртиш лојалните и да ги ставиш во своја функција, а човечката природа на оние камелеони кои ги гледам како облекле полициска униформа и парадираат е таква предавничка до коска. Прво ја сменија онаа униформата на ЈНА, па ја облекоа онаа на АРМ, па потоа од АРМ некои влетаа во онаа на ОВК или ОНА, па потоа пак во униформата на АРМ, па потоа сега во полициска униформа ги стаиле.. Најдобри се оние кои директно од униформа облекоа палто и врска. Добро за македонските кадри не зборам ништо тие само ја прескокнаа ОНА униформата ама затоа таму некаде во ЈНА ја облекоа онаа на Младиќ или четничка да ја кажам поубаво. Како и да е експерти експерти и безбедноста ни е таква и затоа ограничените глави создаваат ограничена безбедност.
Тоа е способност на ова животно кое го најдов на интернет. На тенките долги нозе има споени два и три прста. Испупчените очи се тркалезни зеници, може да гледаат во различно насоки, независно едно од друго. Телото е покриено со зрнести топчиња, меѓу кои се расфрлани големиплочести лушпи па затоа кожата му е растеглива. Може нагло да ја менува бојата на телото – од зелена, во темна или речиси бела каква што е ноќе. Долг е до 30 cm. Најчесто живее на дрвјата. Се движи бавно по гранките, придржувајки се со опашката и сраснатите прсти кои личат на клешти. Кога е во опасност, го надувува телото, ја отвора устата и потемнува.Камелеони секаде за лични интереси.
Мора едно вакво домашно милениче да си најдам и да му го испратам на мојот пријател кого го гледам во сина униформа последните денови како репрезентативно влева надеж дека сме безбедни и дека од него зависи тоа. Големо задоволство е пријателите да напредуваат посебно кога знам дека навистина вредел трудот да се губи време по кафеаните во капиштец да се бацуе рака на советникот транзициски крем на СДСМ, па подоцна да се продаде на пазарот на трудот кој го имаат воспоставено политичарите. Како ли му беше името незнам ама имаше еден историски прекар добиен од времето кога транзициски трчкаше низ службата и броеше гашти и чорапогашти наоколу.
Но за тоа посебна приказна има за на друго место..
Исклучени коментари


Entries (RSS)